Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети се Бојан Јовановски - Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски. Првообвинет во случајот е Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски.
Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“.
Ременски утрово изјави дека побарала изземање на обвинителката Вилма Русковска од овој случај.
- Седум години затвор за Јанева, девет за Боки 13 за случајот „Рекет“
- Боки 13 поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени
- Заев: Јовановски лаже зашто ги одбив неговите барања да му помогнам
Предметот е распределен кај судиите од случајот „Рекет“ - Васка Николовска - Масевска и Софче Гаврилова - Ефремова, која сега е на чело на судечкиот совет, а Николовска - Масевска е втор судија.
Првообвинетиот Јовановски веќе беше прогласен за виновен во случајот „Рекет“, за што му беше изречена 9-годишна затворска казна.