Трамп: Солејмани беше закана за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја бранеше неговата одлука за убиство на иранскиот генерал Касем Солејмани кој според него, претставувал закана за САД. Но, тој додаде и дека тоа не е важно, со оглед на историјата на Солејмани.

„Медиумите кои шират лажни вести и демократските партнери работат напорно за да утврдат дали идниот напад на терористот Солејмани бил непосреден или не, и дали мојот тим имал договор“, напиша Трамп на Твитер.

Администрацијата на Трамп тврди дека убиството на Солејмани било неизбежно поради ризикот од напади врз американски дипломати и претставници на власта во Ирак и во регионот. Шефот на иранската Револуционерна гарда, Солејмани беше убиен при напад со американско беспилотно летало во близина на Багдад.