Најмалку 16 луѓе загинале кога патнички воз се удрил во товарен вагон во источен Пакистан. Според властите, повредени се и 78 лица од кои некои се наоѓаат во критична состојба.
Пакистанската полиција соопшти дека возот патувал кон источниот град Лахоре кога се случила несреќата на железничката станица Валхар. Премиерот Имран Кан им нареди на властите да обезбедат медицинска нега за жртвите.