Северна Македонија се искачи за 23 места погоре на листата на Глобалниот индекс на мирот во споредба со минатата година и заедно со Грција го дели 65-тото место. Меѓу првите 25 земји на листата дури 17 се од Европа, а единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, додека на последното место како и лани е Авганистан.
Австралискиот институт за економија и мир, според истражувањето за годинaшниот глобален индекс на мирот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, оценува дека во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2019 е најбезбеден во последниве пет години.
На листата се рангирани вкупно 163 земји: покрај Исланд во првите десет се Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешка. Најнебезбедни покарај Авганистан се Сирија, Јужен Судан, Јемен, Ирак и Сомалија.