Општина Јегуновце до 15 часот ја зголеми излезност во споредба со првиот изборен круг. Сега на гласање излегле 21,95 отстоод граѓаните и е малку зголемена излезност со оглед дека на 21 април до истиот термин во 15 часот имало 21,8 отсто граѓани кои го оствариле правото на глас. Останатите општини во тетовскиот регион бележат и понатаму пониска излезност во споредба со гласањето од пред две недели. Во Брвеница има 20,53 отсто излезност, додека во првиот круг имало 20,9 отсто.
14,54 отсто излезност на гласачите има забележано општинската изборна комисија во Тетово, што е помалку во споредба со гласањето на 21 април кога имало 19,83 отсто граѓани кои гласале. Во Општина Теарце до 15 часот гласале 14,54 отсто од граѓаните, додека во првиот круг имало 15,48 отсто излезност.
Најмалку излезност и понатаму има во Општина Желино, каде досега гласале само 9,03 отсто од регистрираните гласачи (прв круг 10,06 %), како и во Боговиње каде има 10,49 отсто од граѓаните кои гласале (прв круг имало 12,12%).