Утре во Апелацискиот суд треба да се ќе одржи јавна седница на која поранешниот министерот за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски ќе бараат да им се укине притворот.
ВМРО ДПМНЕ денеска излегоа со соопштение во кое побараа Апелациониот суд утре да ги земе предвид фактите на одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, и да донесе решение "во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како строго доверливо".
Јанакиески и Божиноскивтора недела се во притвор во истражниот затвор „Скопје“, по барање на СЈО поради наводен план за бегство. Тие притворот го добија како обвинети во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.
Неделава во Апелација ќе бидат разгледани и жалбите на притворените во случајот „Империја“, но и на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој беше притворен поради опасност од бегство, во случајот „Таргет и Тврдина“.