Бројот на луѓе во светот кои страдаат од глад е зголемен во изминатите три години, враќајќи се на нивото пред една деценија, се вели во извештајот на ОН.
Во извештајот објавен денеска се вели дека 821 милион луѓе, односно секое деветто лице на планетава, во 2017 година немало доволно храна.
Состојбата со гладот се влошува во Африка и во Јужна Америка, се вели во извештајот.
Во исто време, се вели во извештајот, 672 милиони се дебели, за разлика од 2014 година кога бројката изнесувала 600 милиони луѓе.
Причините за зголемувањето на гладот се настани поврзани со климата -суши и поплави, како и војни и насилство.
Заедничкиот извештај го подготвија УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Организацијата за храна и земјоделство, Меѓународниот фонд за развој на земјоделството и Светската програма за храна.