Според најновата анкета на магазинот „Тајмс“, 42 отсто од Британските сакаат на референдум да се одлучува за условите на договорот на Велика Британија со ЕУ за напуштањето на Унијата. Речиси ист (40%) е и процентот на оние негативно одговориле на прашањето за референдум за договорот Брегзит. Неутрални биле 18 отсто, објави Ројтерс.
Анкетата била проширена и на партиските поддржувачи, по што резултатите покажуваат дека референдумот го поддржуваат 58 отсто од гласачите на лабуристите, 67 отсто од поддржувачите на демократите и 21 отсто од гласачите на конзервативците.