„Корекција“, работен по текст на Зоран Гаши и во режија на Ник Апер, е новиот проект на Мал драмски театар – Битола. Во претставата играат актерите Борис Чоревски, Здравко Стојмиров, Сандра Грибовска и Александар Стефановски, а премиерната изведба е закажана за 20 ноември во 19 часот на Нова сцена во Центарот за култура. Станува збор за копродукција во која учествуваат и Глобален театар и Фестивал „Екс Понто“ од Словенија, Фестивалот „Ристо Шишков“ од Струмица и Фестивалот на мали и експериментални сцени од Враца, соседна Бугарија.
Во „Корекција“, дебитанскиот драмски текст на новосадскиот уметник роден во Скопје – Зоран Гаши, станува збор за еден млад писател кој во некоја соба на брдовитиот Балкан, некаде на самиот крај на 20 век, сака да го напише својот прв роман за среќната младост. Во процесот на работа двата главни лика од делото ќе се побунат тврдејќи дека тој не е способен да го напише романот. Тогаш се појавува таинствен гостин кој на авторот му го нуди решението за успех.
„Формата на претставата е постмодернистичка сликовница која им е посветена на театарскиот реформатор Бертолд Брехт и на црногорската уметница на перформансот со светска репутација Марина Абрамовиќ. Младиот писател сака да успее во едно налудничаво воено време и сонувајќи за успехот тој душата му ја продава на Ѓаволот. Всушност станува збор за една
сторија блиска до онаа за Фауст и Мефисто. Едноставно тој се продава под притисок на времето и општествено-историските услови во кои живее“, истакнува словенечкиот режисер Ник Апер, кој како актер нам добро ни е познат како Нико Горшиќ.
Говорејќи за „Корекција“, Апер дополнува дека ова и не е некоја новина за народите кои што живеат на овој простор бидејќи тие тоа го прават веќе илјада години.
„Тоа го правиме илјадници години. Вие овде кога сте биле под Турците, ние горе на север во Словенија под Германите...Во некоја рака таков е и денешниот однос со големите во Брисел. Постојано сме со некој ѓавол зад вратот и принудени сме да му ја продаваме душата, но за чудо секогаш наоѓаме некое решение и опстојуваме. Не успеваат да не уништат ни како нација, ниту како луѓе, како поединци. “
Во претставата настапувааат проверените и наградувани актери како што се Борис Чоревски, Здравко Стојмиров, Сандра Грибовска и Александар Стефановски, видео дизајнот е на Павле Михајловски, а за костимите се погрижи Марија Пупучевска.
Благој Стефановски, основачот на Мал драмски театар – Битола, во пресрет на премиерната изведба, забележува дека публиката веќе навикнала на ангажираноста и естетиката што тие ја нудат и не се сомнева дека овој проект го очекува афирмација на домашната и меѓународната сцена. Сепак, тој и во оваа пригода не може да се изначуди на тоа како и по седум сезони и 18 премиери ( од кои три само во последнава година: покрај „Корекција“ тука се и „Грав“ во копродукција со Театарот од Враца и “Кралот Рес“ - работен во соработка со театарот „Андреас Вуцинас“ од Солун) и дури 56 награди, тие се
уште немаат сопствена сцена во својата држава.
„Многу е тешко. Се чувствуваме како луѓе кои не се пожелни на домашната почва и тоа во одреден момент ни создава одредени фрустрации. Меѓутоа ние одиме натаму и ќе видиме до каде ќе издржиме. “
Стефановски дополнува дека Мал драмски театар – Битола отвори многу различни ракурси како денес театарот треба да опстојува. Вели дека покажува како во ова време во кое живееме треба македонскиот театар да работи и да постигнува резултати кои отвораат нови хоризонти, нови визии за театарот кои што го интересираат модерниот и современиот човек.
„Дали тоа на некој ќе му послужи или некој ќе посака да се заинтересира тоа е проблем на луѓето кои се бават со националниот театар, со театарот воопшто во Македонија. Очигледно дека се уште не сме доволна провокација. “
Менаџерот потенцира дека тие го продолжуваат својот сигурен од на меѓународната сцена и дека пред нив е период во кој ќе мора да одговарат на поканите на неколку големи светски театарски фестивали.
Инаку, „Корекција“ е копродукциски проект на Мал драмски театар – Битола, Центарот за култура во градот, Глобален театар и Фестивал „Екс Понто“ од Словенија, Фестивалот „Ристо Шишков“ од Струмица и Фестивалот на мали и експериментални сцени од Враца, Бугарија. Овој проект е финансиран и преку националната програма за култура 2013 година од Министерството за култура на Република Македонија.
Постојано сме со некој ѓавол зад вратот и принудени сме да му ја продаваме душата, но за чудо секогаш наоѓаме некое решение и опстојуваме.Ник Апер, режисер.
„Формата на претставата е постмодернистичка сликовница која им е посветена на театарскиот реформатор Бертолд Брехт и на црногорската уметница на перформансот со светска репутација Марина Абрамовиќ. Младиот писател сака да успее во едно налудничаво воено време и сонувајќи за успехот тој душата му ја продава на Ѓаволот. Всушност станува збор за една
Многу е тешко. Се чувствуваме како луѓе кои не се пожелни на домашната почва и тоа во одреден момент ни создава одредени фрустрации.Благој Стефановски, основач на Мал драмски театар – Битола.