Треба да бидат модернизирани во вистинска смисла наставните содржини, онака како што одговара на 21 век, вели поранешниот министер за образование Ненад Новковски.
Господине Новковски, колку новините во образованието, меѓу кои и последната, испраќање на СМС пораки со оценките на учениците, го подобрија квалитетот на образованието?
Има премногу активности коишто не се целосно добро поставени, па на таков начин може да направат и повеќе штета, отколку што би можело да имаат некој дополнителен ефект. Можеби главниот ефект е вака на пропаганден план, да се каже дека нешто се работи. Едноставно, во услови кога има доволно информации да се пушта и дополнително СМС пораки и тоа да се прогласи за некое образовно достигнување, тоа е навистина несериозно за еден таков комплексен систем како што е образованието каде што треба да бидат направени промени коишто навистина ќе влијаат на деловите што се послаби да бидат подобрени.
Колку наставниците со административните обврски, како електронскиот дневник, кои им се наметнаа, ја губат можноста повеќе внимание да им обрнуваат на учениците?
Воопшто, преголемата администрација го оптоварува нормалното работење и тие прописи, вклучувајќи ги и сите санкции, казни за наставниците ги спречуваат во креативното работење. Наставата во современи услови се подразбира пред сè како креативен процес, употреба на сопствени стратегии за настава, многу повеќе слобода за наставниците. Кај нас едноставно тоа оди во сосема погрешна насока, многу повеќе норми, многу повеќе контрола во делови во кои тоа воопшто нема потреба тоа да се прави. Контролата треба да се однесува на оние завршни елементи, коишто понатаму треба да бидат верификувани од државата, како што се оценките, дипломите итн.
Колку е потребно воведување на лиценци за наставниците?
Тоа е исто така едно непотребно оптоварување, бидејќи веќе постои систем со којшто тие се стекнуваат со квалификации и тоа во рамките на истиот образовен систем. Во рамките на Министерството за образование фактички се наоѓаат државните високообразовни институции коишто подготвуваат кадар и е крајно нелогично да се воведува некоја дополнителна мерка надвор од тој систем. Во државите во коишто добро се уредени овие работи, сè се завршува во рамките на студиите. Онаму каде што се подготвува наставник, на тие факултети, едновремено се спроведува и пракса, се завршуваат и сите тие активности коишто се поврзани со оценување на неговите способности да може ја држи наставата и кога ќе ја добие дипломата, тоа се прави заеднички од факултетот и од Министерството за образование, веќе тој почнува од наредниот ден да работи со полн капацитет како наставник, односно професор.
Спомнавте дека се потребни промени. Што според вас треба да се преземе во иднина?
Она што треба да се преземе, тоа е да бидат модернизирани во вистинска смисла наставните содржини, онака како што одговара на 21 век, да биде вложено многу повеќе во развиток на овие нови методи на изведување на наставата, пред сè на новите сознанија коишто се стекнуваат во науката, на некои нови пристапи коишто треба да дадат многу поквалитетно образование. Секако тоа во рамките на оние принципи на постепеност на воведување, сите оние делови каде што се забележуваат одредени слабости, полека да бидат подобрувани преку еден процес, како што споменав, којшто е навистина креативен и во којшто се вклучени максимално со сите свои индивидуални способности, сите фактори од образовниот систем.