Десетици уапсени во во Белорусија

Полицијата во Белорусија уапсила десетици луѓе кои учествувале во одбележувањето на годишнината од масовните протести против реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Полицијата во Минск соопшти дека 32 лица се обвинети за учество во нелегални протести и за хулиганство.