Според експертите, неопходна е примена на европските стандарди низ македонските музеи и поиновативни пристапи во презентација на културното наследство.
Неопходна е примена на европските стандарди низ македонските музеи и поиновативни пристапи во презентација на културното наследство. Ова е заклучокот од советувањето на македонските музејски работници кое деновиве се одржа во Битола.
Захаринка Алексоска Бачева, претседател на Македонскиот комитет кој е член на Европскиот совет на музеи вели:
„Она што го поседуваме во нашите депоа, во моментот кога ќе го извадеме да го презентираме, просторите каде тоа ќе се изложува треба да бидат по сите европски стандарди. Почнувајќи од микроклимата, безбедноста и друго. Ние имаме тука доста слабости во тој поглед. Има некои музеи каде до некаде тие стандарди се почитуваат, но во принцип мислам дека се уште не ги задоволуваат тие барани светски критериуми.“
Музеите во светот користат нови технологии за презентација на културното богатство. Попровокативни изложбени салони, интеракција со публиката, возбудливи приказни за експонатите. Но, колку ние сме иновативни?
„Јас не би кажала дека сме многу иновативни. Недоволно ги користиме можностите. Ние имаме многу богатства, а во светот има музеи со многу малку материјал, но се обрнува многу повеќе внимание во делот на маркетинг, популаризација на тоа богатство. Тоа зависи индивидуално од раководниот кадар, секогаш не треба да се очекува дека државата и буџетот се тие кои мораат сите наши барања да ги задоволат“, додава Алексоска Бачева.
Според неа, во организирањето на музеолошката дејност треба да се огледаме на позитивните искуствата од Хрватска и Словенија.
Она што го поседуваме во нашите депоа, во моментот кога ќе го извадеме да го презентираме, просторите каде тоа ќе се изложува треба да бидат по сите европски стандарди. Почнувајќи од микроклимата, безбедноста и другоЗахаринка Алексоска Бачева, претседател на Македонскиот комитет
Захаринка Алексоска Бачева, претседател на Македонскиот комитет кој е член на Европскиот совет на музеи вели:
„Она што го поседуваме во нашите депоа, во моментот кога ќе го извадеме да го презентираме, просторите каде тоа ќе се изложува треба да бидат по сите европски стандарди. Почнувајќи од микроклимата, безбедноста и друго. Ние имаме тука доста слабости во тој поглед. Има некои музеи каде до некаде тие стандарди се почитуваат, но во принцип мислам дека се уште не ги задоволуваат тие барани светски критериуми.“
Ние имаме многу богатства, а во светот има музеи со многу малку материјал, но се обрнува многу повеќе внимание во делот на маркетинг.Захаринка Алексоска Бачева.