Српскиот тенисер Новак Џоковиќ е новиот шампион на Вимблдон. Тој во финалето го совлада Рафаел Надал од Шпаниај до 3:1. Со самиот пласман во финалето, Џоковиќ си обезбеди прво место на светската АТП листа, која ќе биде објавена утре. На второто место е Надал. Ова беше 28 дуел меѓу двајцата тенисери. Надал води со 16:12 во победи. Но Џоковиќ има пет победи едно по друго.