ФИФА очекува зголемен приход

Домаќинот на Светското првенство во Фудбал, Јужна Африка, ќе и помогне на ФИФА да ги дуплира приходите во однос на 2006-та, изјави генералниот секретар Џером Валке. Комерцијално, ќе биде успех, изјави Валке на отворањето на специјалната канцеларија во Јоханезбург за справување со криминалот поврзан со Светското првенство. Тој додаде дека тоа што Јужна Африка е домаќин на шампионатот, за прв пат, ниеден комерцијален партнер на ФИФА не го откажал спонзорството.