Неуспешни преговори во Тајланд

Тајландскиот премиер Абхисит Вејајива го одби барањето на демонстрантите, кои веќе подолго време протестираат во Банкок, да си поднесе оставка откако ќе распише вонредни избори во земјата. Со тоа не успеаа денешните преговори меѓу премиерот и лидерите на демонстрантите. Сега е бесцелно да се одржуваат понатамошни разговори, изјави еден од организаторите на протестите. Илјадници приврзаници на опозицијата, облечени во црвени маици веќе со недели протестираат во главниот град на Тајланд. Во Банкок секој викенд се одржуваат протести, преку кои приврзаниците на поранешниот премиер го изразуваат незадоволството од состојбата во земјата.