Протестите откажани

Протестите на Албанците во 2006 година

Вон парламентарните партии на албанците ги откажаа денешните протести, најавени како притисок за повлекување на Енциклопедијата на МАНУ. Причина е велат притисокот од страна на Владата и нејзините емисари.
Во изјавата за медиумите лидерите на помалите албански партии соопштија дека е сменет првичниот контекст на протестите и дека пред владата дошле само тие за да ги престават нивните барања.

Имено, објавената одлука на МАНУ да ја запре дистрибицијата на енциклопедијата која што ја разбранува јавноста и ги вжешти меѓуетничките страсти, и да изврши исправка на спорните одредници што предизвикаа жестоки реакции кај Албанците во земјава,
Институциите на оваа држава никогаш не се покажаа коректни кон албанското прашање и секогаш тактизирале. И овој момент ние го земаме како тактизирање кое е во функција на смирување на страстите меѓу Македонците и Албанците
за нив не е доволна. Тие на потегот на МАНУ гледаат само како наменска козметика и тактизирање за смирување на страстите.

„Институциите на оваа држава никогаш не се покажаа коректни кон албанското прашање и секогаш тактизирале. И овој момент ние го земаме како тактизирање кое е во функција на смирување на страстите меѓу Македонците и Албанците.“
„Козметичка корекција ќе се направи, инаку со официјален акт треба да се повлече и да се објави ништожна самата енциклопедија.“

изјави лидерот на националната демократска унија, Хисни Шакири и претседателот на ПДП, Сејфедин Харуни. Тиео наведуваат и тоа дека не сакаат да бидат жртви на политиката на колалиционите партнери во Владата ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и велат дека токму тие правеле обиди и нивните денешни протсти да не успеат. Во прилог на ова Харуни наведува и дека имало засиленото обезбедување.
Академијата на науките во Република Македонија вчера донесе правична одлука бидејќи енциклопедијата и Академијата треба да биде во интерес на науката, а минатото во интерес на сегашноста


Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска нема коментар на одлуката на МАНУ додека ДУИ одлуката на Академијата ја оцени за правична.

„Академијата на науките во Република Македонија вчера донесе правична одлука бидејќи енциклопедијата и Академијата треба да биде во интерес на науката, а минатото во интерес на сегашноста.“

изјави Рафиз Алити од ДУИ.

Најголемата опозициона партија го оценува за позитивен секој чекор кој ќе придонесе за смирување н аотворените прашања на меѓуеничко ниво и апелираат вжѓештената реторика да спласне во интерес на меѓуетничките односи.

„Како политички субјект апелираме до сите и реториката да спласне во врска со ова прашање и сите страсти на студенти да бидат повлечени се со цел да градиме сите заедничко општество.“