Референдум за името – меч со две острици

Медијаторот Метју Нимиц

Пред средбата на македонскиот преговарач во спорот за името со медијаторот Метју Нимиц, експертите коментираат дека референдумот за името на кој инсистира власта е меч со две острици. Според нив, државниот врв не соопштува јасен став за името поради својот рејтинг
Грчкиот претставник во разговорите за името Адемантиос Василакис синоќа во Њујорк на посредникот на ОН Метју Нимиц му го предаде одговорот на Атина за неговиот модифициран сет-идеи претставен за време на јулската посета на Грција и на Македонија. Засега нема официјални информации за содржината на грчкиот одговор, но медиумите во Грција, повикувајќи се на свои дипломатски извори, објавуваат оти Атина искажала повеќе забелешки особено за употребата на евентуалното компромисно име, што според нив, треба да се базира на предлогот „Република Северна Македонија“.
Нив не им одговара заради сопствени причини, рејтинг партиска популарност, итн тоа јавно да го кажуваат. Можеби ќе се вадат со некакви сценарија дека тоа било нужно зло, дека немало друг избор итн


Во кусото соопштение од прес-службата на ОН за средбата Нимиц - Василакис, се наведува само дека медијаторот ги примил грчките гледања за идеите што биле разгледувани во јули во Атина. Воедно се најавува дека Нимиц в четврток во Њујорк ќе се сретне и со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, кој треба да му ги пренесе ставовите на Македонија. Во македонското министерство за надворешни работи засега не ја потврдуваат оваа информација, истакнувајќи оти сеуште чекаат покана за средба од медијаторот Нимиц.

Инаку, Јолевски пред да отиде во Њујорк имаше одделни средби со државниот врв, иако беше најавено дека ќе има координативна средба. Јолевски ги знаел ставовите за името па затоа сметал дека заедничка средба не е потреба, велат од државниот врв. И додека чека на информации од Њујорк, македонската јавност само може да погодува за ставот на македонскиот државен врв. Јавноста има право да знае, што одлучиле политичарите заедно такво битно прашање, како што е прашањето за името, велат експертите.
Аналитичарот Жидас Даскаловски,од Центарот за креирање политики, вели дека на државниот врв не го соопштува својот јасен став, најверојатно затоа што се загрижени за својот политички рејтинг.
Референдумот може на двете страни да им послужи како некакво оправдување за оддалечување на решение на овој спор


„Нив не им одговара заради сопствени причини, рејтинг партиска популарност, итн тоа јавно да го кажуваат. Можеби ќе се вадат со некакви сценарија дека тоа било нужно зло, дека немало друг избор итн.“

Државниот врв а особено од премиерот Никола Груевски, на неколку пати изјави дека за секое решение за името, ќе се изјаснува и народот на референдум.

Референдумот е меч со две острици објаснува професорото Јетон Шасивари:

Премиерот Никола Груевски на јулската средба со Метју Нимиц
„Може на двете страни да им послужи како некакво оправдување за оддалечување на решение на овој спор.“

И граѓаните се поделени околу тоа дали за името треба да се решава на референдум. Тоа се гледа и од анкетата спроведена на нашата веб страница makdenes.org. Резултатите покажуваат дека 40 процети се изјасниле позитивно, а повеќе од 50 проценти од испитаниците се против референдум , а мал дел од нив одговориле со незнам. На анкетата која не се базира на научни истражувања , одговориле 434 испитаници.