И покрај забраната од Израелската влада, противниците на планираното повлекување од Газа и за денеска најавија протестни собирања во тој регион. Илјадници израелски полицајци и војници се распоредени на границата за да го спречат влегувањето на демонстрантите во Газа.