Материјалот од информативниот разговор на Петрит Аме во полицијата што го достави ВМРО-ДПМНЕ потекнува од МВР, што значи дека е изворен, но при неговото прикажување се прикриени делови од разговор кои не се во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, изјави државниот секретар на МВР Радивое Јовановски.
„Во оригиналната информација, не избришаната, која ја имаме ние стои вака: „Првите две зделки со Миша успеале, меѓутоа, веќе на третата настанал проблем бидејќи пратката им била стопирана затоа што имала приоритет нафтата што ја увезол Стојан Андов од Ирак“. Не одговара на подносителот на овие материјали да стои името на Стојан Андов, бидејќи тој е коалиционен партнер, соработник кој не треба да се користи во јавноста“.
Инаку, што се однесува на тоа дека Петрит Аме бил поврзан со Црвенковски и други функционери во одредени недозволени дејства Јовановски вели дека изјавите на Аме не претставуваат доказ бидејќи тој имал обичај да се претставува како близок со власта.
„Законите бараат цврсти, непобитни докази за стореното. Самата изјава што ја дава Петрит Аме е во негов стил. Негов стил на владеење со средината каде што делува основна работа му беше да прикаже дека е близок со полицијата, со власта, за да може да кажува дека тој ги решава сите проблеми во градот. Верувам дека некои на тоа наседнале и затоа имале одредени последици“.
МВР ги оценува како неточни и објаснувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека снимениот материјал им го доставил анонимен доставувач бидејќи според изјава на вработен од ова министерство тие имаат информација оти своевремено тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски го побарал овој материјал и не го вратил три месеци.