Путин на парадата за Денот на победата
Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на главната парада на Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва. Русија ја покажа својата воена моќ на годишниот настан на 9 мај. Во обраќањето, Путин ја поздрави победата на Црвената армија над нацистичка Германија во 1945 година, но не спомена каква било улога на западните сојузници.