Нацистичка Германија ја предводеше досега најголемата копнена инвазивна сила во нападот на Советскиот сојуз во 1941 година, по што започна брутален конфликт во кој загинаа милиони луѓе.
Оваа фотографија може да биде вознемирувачка - ОтвориМајка се обидува да го заштити своето дете од нацистичките куршуми неколку моменти пред да биде убиена на полето во близина на Ивангород, Украина. Лево е телото на друга жена, а десно група луѓе очигледно копа гроб.
Нацистичките одреди на смртта - во некои случаи поддржани од локално население - погубија милиони луѓе, особено насочени кон Евреите и „Азијците“ во годините по инвазијата на Барбароса.
Британскиот историчар и автор Џонатан Димблеби вели дека за злосторствата извршени од нацистите - и во помала мера одмаздоубивата Црвена армија за кои истражувал - „е тешко подносливо да се зборува“.
Димблби забележува дека членовите на нацистичките одреди на смртта "не биле пијаници извлечени од улица или зависници од дрога кои немале ментален капацитет што ќе ни овозможи да им судиме. Овие беа образовани луѓе, тие беа луѓе кои беа лекари кои беа на универзитет, беа државни службеници, кои доброволно се пријавија за оваа задача“.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.