Во главниот град на Татарстан, Казан, непознати мажи влегле во училиштето со оружје и отвориле оган.
Седум ученици и еден наставник беа убиени.
Претседателот на Татарстан Рустам Миниханов рече дека 16 лица - 12 деца и четири возрасни лица се хоспитализирани по пукањето во 175-та гимназија, јавува татарската служба на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Децата скокале од прозорците за време на нападот.
Родителите рекоа дека двајца мажи со автоматско оружје влегле во гимназијата. Потоа се слушнала експлозија.