Евроинтеграциите и членството на Македонија во НАТО е приоритет, се согласиле на средбата координаторот на пратеничката група на ДПА, Имер Алиу, и известувачот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, Роберт Валтер, кој е во посета на земјава. Алиу вели дека го информирале Валтер за политичката ситуација во земјата и притоа му порачале дека политиката на владата го уназадува евроинтегративниот процес.
„Ја поздравив и одлуката на Советот на Европа за отворање на канцеларија за медиуми, што значи дека демократските процеси се уназадени. Значи, тоа е добар сигнал дека конечно некој од надвор ја препознава лошата политика на оваа влада и ќе бидат тука со канцеларија непосредно да ги следат состојбите и да известуваат. Значи, ова е спротивно на она што власта се обидува да ни го каже дека Македонија излегува од мониторингот, туку вистината е дека се влегува уште подалеку“, вели Алиу.
Валтер се сретна и со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, како и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со членовите на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Алиу додава дека Валтер се интересирал и за донесувањето на буџетот за наредната година.
„Јас му ги кажав нашите разлики што ги имаме во врска со тој буџет, односно неправичната распределба на буџетот по етничка основа. Значи дека буџетот на Македонија најмногу 5 проценти се распределува на населените места каде што живеат Албанци. Спротивно на тоа се проценува дека Албанците го полнат буџетот повеќе од 30 проценти“, вели Алиу.
Од кабинетот на Вељаноски соопштија дека двајцата соговорници разговарале за актуелните случувања и за напредокот на државата.
„Од страна на Собранието на Република Македонија високо се ценат препораките на Советот на Европа и преку нивното имплементирање, како и преку реформите кои ги прави Република Македонија се придонесува за поголем демократски напредок и економски развој“, стои во соопштението.
Вељаноски истакнал и дека интеграцијата во Европската унија и НАТО останува приоритет за Македонија, а врвен приоритет се реформите во економската сфера кои ќе донесат бенефит, пред сè за граѓаните на земјата. Во однос на состојбите во Собранието на Вељаноски го информирал Валтер дека очекува буџетот на Македонија за наредната година да биде донесен во средината на декември.
Конечно некој од надвор ја препознава лошата политика на оваа влада и ќе бидат тука со канцеларија непосредно да ги следат состојбите и да известуваат.Имер Алиу, ДПА.
„Ја поздравив и одлуката на Советот на Европа за отворање на канцеларија за медиуми, што значи дека демократските процеси се уназадени. Значи, тоа е добар сигнал дека конечно некој од надвор ја препознава лошата политика на оваа влада и ќе бидат тука со канцеларија непосредно да ги следат состојбите и да известуваат. Значи, ова е спротивно на она што власта се обидува да ни го каже дека Македонија излегува од мониторингот, туку вистината е дека се влегува уште подалеку“, вели Алиу.
Од страна на Собранието на Република Македонија високо се ценат препораките на Советот на Европа.Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Македонија.