Достапни линкови

Власта не дава повисоки пензии од јануари


Пензионерите ќе добијат повисоки пензии од март, како што предвиде Владата. Министерот Спиро Ристовски денеска го отфрли амандманот на СДСМ за зголемување на пензиите од 1 јануари следната година.

Амандманот на СДСМ за зголемување на пензиите од јануари наредната година за Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски е неприфатлив и изнуден од политичката состојба во која опозицијата сама се доведе. Тој на собраниската комисија за труд и социјална политика го одби барањато на опозицијата и рече дека Владата останува на планот пензиите да бидат покачени од март.
Практично ние не одлучивме како ќе се зголемат пензиите, ние во ниту еден момент со овој момент не пристапивме популистички. Во конкретниот случај, овој амандман е изнуден, за нас е неприфатлив.
Спиро Ристовски , министер за труд и социјална политика.


„Практично ние не одлучивме како ќе се зголемат пензиите, ние во ниту еден момент со овој момент не пристапивме популистички. Во конкретниот случај, овој амандман е изнуден, за нас е неприфатлив. Владата останува на својата определба и на својот јасно дефиниран став, немаме намера да влегуваме во овие дневни сценарија подготвени од опозицијата.“
Средба на претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Средба на претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

За претседателката на комисијата Цветанка Иванова од СДСМ, која не ја водеше седницата одбивањето на амандманот од страна на Владата ќе го покаже лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кон пензионерите како важна целна група за изборите.

„Сега прашањето е зошто токму 5 отсто на вкупната маса кога имаме енормно зголемување на животните трошоци на пензионерите, кој предлог е поповолен за пензионерите?“

Пратеникот на СДСМ Игор Ивановски праша зошто на седницата не присуствувал оној кој што ја свикал, односно претседателот на собранието Трајко Вељаноски, што според него е недопустливо. Ивановски забележа и зошто не се поканети оние кои инсистираа да заседава комисијата, како претседателот на Сојузот на синдикатите, Живко Митревски, директорката на Домот за деца без родители "11 Октомври", Ристанка Атанасова, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски. ОД СДСМ предложија и други нови амандмани со цел, како што велат да докажат дека не се против законите, туку да ги подобрат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG