Започна судењето за случајот со убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев во 2001 година во кој е обвинет и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Во своето обраќање пред Кривичниот суд во Скопје, Бошкоски рече дека не е подготвен да се брани бидејќи примал терапија, но и поради тоа што немал дозвола да се види со адвокатите пред почетокот на процесот и што немал увид во случајот.
„Не сум спремен да дадам одбрана, не бегам од обвинението, но тоа за мене е фатаморгана. Има измислени настани и личности и не го разбирам. Денеска пред судот сум донесен за отстрел и психолошки не сум спремен да се одбранам од овој полициско-обвинителски монтиран процес“, рече Бошкоски.
Бошкоски е обвинет дека заедно со неговите најблиски соработници, меѓу кои и шефот на обезбедувањето Зоран Трајковски, помогнале да не се откријат сторителите на двојното убиство.
„Најстрашна работа е што е прифатено обвинението од страна на кривичниот совет без никакви докази за никого“, вели адвокатот на Бошкоски Владимир Ракочевиќ.
Првообвинетите во случајот, кои се српски државјани, не беа присутни на судењето, бидејќи се во бегство. Обвинителот смета дека на обвинетите треба да им се суди во отсуство, бидејќи од МВР пристигнал допис во кој се тврди дека тие се недостапни. Адвокатите се спротивставија и сметаат дека тие треба да се поканат на судење бидејќи нивната адреса била позната.
„Не гледаме како би се одвивал овој процес во којшто првообвинетите, значи условно земено извршители на делото нема да бидат тука, а од друга страна ќе се процесуираат помагачите“, вели адвокатот Димитар Савоски.
„Бидете сигурни дека јас професионално ќе ја дадам одбраната. Иако не се тука, знаете дека адвокатите ја даваат одбраната согласно со доказите, значи можам да ви гарантирам дека ќе биде дадена максимално професионална одбрана од принцип на доказите кои постојат по однос на обвинетите“, вели Гоце Штериевски, адвокат по службена должност на првообвинетите.
Истрагата за случајот, познат во јавноста како Ровер, е против 15 лица. Убиството беше извршено во јули во 2001 година во едно кафуле во Капиштец. Тушевски беше убиен со 11 куршуми, а Јанев со еден куршум.
Најстрашна работа е што е прифатено обвинението од страна на кривичниот совет без никакви докази за никого.Владимир Ракочевиќ, адвокат на Љубе Бошкоски.
„Не сум спремен да дадам одбрана, не бегам од обвинението, но тоа за мене е фатаморгана. Има измислени настани и личности и не го разбирам. Денеска пред судот сум донесен за отстрел и психолошки не сум спремен да се одбранам од овој полициско-обвинителски монтиран процес“, рече Бошкоски.
Бошкоски е обвинет дека заедно со неговите најблиски соработници, меѓу кои и шефот на обезбедувањето Зоран Трајковски, помогнале да не се откријат сторителите на двојното убиство.
Не гледаме како би се одвивал овој процес во којшто првообвинетите, значи условно земено извршители на делото нема да бидат тука, а од друга страна ќе се процесуираат помагачите.Димитар Савоски, адвокат.