Улогата која ја има армијата во бранење на Уставот на Македонија, членството во НАТО и мисиите во странство се темел на Стратегијата за одбрана, која денеска министерот за одбрана Зоран Коњановски му ја предаде на претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов. Министерот Коњановски изјави дека на измените на Стратегијата работеле две години со тим на стручни луѓе од земјава кои имале и помош од експерти од странство. Со последното ажурирање на Стратегија за одбрана на Македонија, во документот се вклучени измени кои значат продолжување на реформите во одбраната.
„Ние ги анализиравме сите стратешки определби на Република Македонија, како и сите мисии што ги имаме веќе определено и тие одговори ни послужија за темел за градење на самата стратегија. Ова е втора стратегија. Првата беше донесена 1998 годинаи на некој начин важеше досега. Според нас, треба да се обновува на секои пет години - како што доаѓа новиот мандат на претседателот и Врховен командант, така треба да има и надополнување на стратегијата“
Изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски.
Со потпишувањето на оваа стратегија се заокружува безбедносно-политичкиот фундамент на Македонија, но и оваа стратегија има одредени слабости вели професорот Стојан Кузев.
„Некои од овие документи, како и во претходната стратегија за одбрана, се од подамнешен карактер, односно донесени се пред повеќе години и второ, што е можеби побидно, таму каде што ние тежиме да бидеме полноправна членка на НАТО, во овој период многу е значајно донесувањето на новиот концепт“
По Стратегијата за одбрана, во наредните три месеци Министерството планира да го донесе и документот за долгорочен план за развој на одбраната.