Достапни линкови

Никола Тодоров, министер за образование


Никола Тодоров, министер за образование
Никола Тодоров, министер за образование

Проектот ,,Бесплатни учебници за секое дете" е многу корисен, сам по себе. Директно е во насока на подобрување на квалитетот на учење, преку обезбедување на еднаков пристап без разлика на материјалната состојба.

Со проектот ,,Бесплатни учебници за секое дете" го започнавте вашиот мандат. Како го оценувате сега овој проект?

Проектот ,,Бесплатни учебници за секое дете" е многу корисен, сам по себе. Директно е во насока на подобрување на квалитетот на учење, преку обезбедување на еднаков пристап без разлика на материјалната состојба и проектот е многу гломазен и има многу чинители во него кои што мора да бидат соодветно организирани. Станува збор за директорите и наставничките совети кои што избираат од кој учебник и од кој автор ќе се одвива наставата по конкретниот предмет во нивното училиште. Сите тие податоци треба да се соберат, да се систематизираат и да се објави тендер, а врз основа на објавениот тендер треба да се изврши печатење на учебниците, доколку станува збор за учебниците од новите програми, а доколку станува збор за учебници од старата програма, треба да се откупат учебници од издавачите, така што целиот проект е многу гломазен и на неколку нивоа.

Зошто доцнат некои од учебниците?

Учебниците доцнат затоа што немавме процедурална можност да ги набавиме оние што неможевме да ги набавиме во првиот дел од првото полугодие. Тоа беше еден од моите најголеми проблеми и тука морав да донесам мерки која што ќе биде помало зло од злото што ни се закануваше. И заради тоа одлучив да не ги набавиме учебниците по ликовно, музичко и физичко, заради тоа што сметав дека помало зло е да ги нема тие учебници, отколку учебниците по математија, хемија или физика. Стануваше збор за една грешка во процедурата која што била направена во Министерството и која што не ни овозможуваше да направиме уште еден тендер за набавка на нови учебници, односно немаше доволно финансиски средства предвидени во веќе реализираниот тендер за печатење на учебниците на 4 и 7 одделение. Останатите учебници кои што ги набавуваме од издавачките куќи ги имаме набавено и тие се доставени до учениците.

Ќе се бараат ли виновнците за тоа што доцнат книгите?

Ниту една страна несмее да затаи во процесот, секое затајување или го одолговлекува процесот или го прави неквалитетен, затоа што добиваме неквалитетни податоци при собирањето на податоците кои потоа се рефлектираат при дистрибуцијата на книгите. Од друга страна имаме и субјективни фактори, при собирањето на тие податоци може да настанат и определени грешки, при нивното регистирање во дата базата. Со сите овие работи некако се соочивме, меѓутоа се обидувавме за секоја од овие работи соодветно да одговориме. Така, направивме еден дистрибутивен центар во средното учлиште ,,Орце Николов" каде ги нивелиравме сите вишоци и кусоци и тоа беше проблем, некаде доставиле помалку, а некаде повеќе и затоа го направивме тој Дистрибутивен центар и на тој начин се обидовме да ги доствиме сите книги. Значи, страшно макотрпен процес во кој што беа вклучени многу луѓе и многу труд вложивме за да ја реализираме оваа работа. Сепак ова е проект за нас и се надеваме дека наредната година, така да речам ќе ги немаме овие ,,породилни маки" и ќе можеме да го спроведеме без проблем.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG