Достапни линкови

Протестите откажани


Зградата на Владата на Република Македонија
Зградата на Владата на Република Македонија

Протестите на Албанците најавени за денеска во Скопје беа откажани, како што велат организаторите поради притисок од владата. Сепак, стотина Албанци продефилираа пред владата, а се собра и група средношколци Македонци во одбрана на знамето. Инциденти немаше.

Протестите на Албанците пред владата не се одржаа. Организаторите на протестите се жалат дека Владата им извршила притисок. Велат дека не сакаат да ги експонираат своите граѓани на ризик па ги замолиле да си одат дома. Организаторите и понатаму си остануваат на своите барања.
Ние решивме да ги одложиме протестите затоа што целиот Битпазар е полн со полицајци во панцири и ова ни дава до знаење дека они се подготвени за да дојде до ексцес меѓу Албанците и безбедносните сили а ние во моментов не сакаме до дојде до никаков инциденет

„Издавањето на енциклопедијата се виде дека ги наруши меѓуетничките односи. Самиот основач на МАНУ треба да бара реформирање на Академијата. Бараме од политичките партии на Албанците претставени во Собранието и Владата да го преиспитаат нивното понатамошно учество во државните институции доколку не се реализираат барањата на Албанците,“

вели Наим Јусуфи од организационен одбор.

Хисни Шаќири вели дека не сакаат да содздаваат дополнително тензија.Според нивното искуство институциите одговорноста за тезнијата ја префрлаат врз организаторите а не врз тие што треба да го обезбедуваат.

„Ние решивме да ги одложиме протестите затоа што целиот Битпазар е полн со полицајци во панцири и ова ни дава до знаење дека они се подготвени за да дојде до ексцес меѓу Албанците и безбедносните сили а ние во моментов не сакаме до дојде до никаков инциденет,“

вели Претседателот на Националана демократска унија, Хисни Шаќири

Тие сакаа да протестираат како што вели Шаќири затоа што не веруваат дека енциклопедијата е повлечена, туку само се смирени тензиите. Претпладнето пред владата се појави и група на малолетници кои како што велат дојдоа во одбраната знамето.

„Контра протест, ќе го палат нашето знаме, одбрана на Македонија.“
„Истото го направија и на Косово, и се зборуваше дека и тука ќе го прават истото. Ние дојдовме за секој случај, зашто знаеме дека полицијата не смее да прави, и ние не смееме, ни ние не смееме, но не можам да седам дома да гледам како некој ми го пали знамето“

До инциденти не дојде па средношколците набрзо си заминаа. По откажувањето на протестот ,сепак накратко се појавија пред Владата околу стотина Албанци кои со скандирање го искажаа својот револт и набрзо си отидоа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG