По олеснувањето на ограничувањата поради епидемијата на коронавирус, ова за многумина можеби беше првиот голем семеен собир.
Како во САД е прославен Денот на независноста
Спектакуларен огномет и неизбежен натпревар во јадење хот-дог се дел од американскиот празник, 4 јули. Во 1776 година, на овој ден, Америка ја прогласи својата независност од Британија. Настанот е вистински семеен празник: американскиот претседател Џо Бајден славеше со членовите на неговото семејство.