Во понеделникот многу народ се врати на улиците на најголемиот град во Мјанмар, решени да продолжат со протестите против заземањето на власта од страна на армијата.
Во Мјанмар продолжуваат протестите и покрај убивањето демонстранти
Неколку лица беа убиени, а многумина повредени на 28 февруари, додека безбедносните сили ја интензивираа употребата на сила за сузбивање на демонстрациите против пучот по повеќенеделните немири од воениот удар на 1 февруари.