Достапни линкови

Знакот „стоп“ во Дебар пет пати поскап од тој во Кавадарци


Општина Дебар за набавка на сообраќаен знак „стоп“ платила речиси 4 илјади денари, додека Општина Кавадарци за истиот знак платила само 745 денари. Најголема разлика во цената е евидентирана при набавка на услугата за финансиска ревизија, а најмала во набавката на фискални апарати. За финансиската ревизија една институција платила за 27 пати поскапо од друга, покажува индексот на рационалност кој што го изработува невладината организација Центар за граѓански комуникации.

Институциите во Македонија набавуваат еден ист производ по различни цени и со големи разлики, покажува индексот на рационалност кој што го изработува невладината организација Центар за граѓански комуникации. На пример Општина Дебар за набавка на сообраќаен знак „стоп“ платила речиси 4 илјади денари додека Општина Кавадарци за истиот знак платила само 745 денари. Индексот на рационалноста број 12 е изработен со споредба на цените по кои институциите на локално и национално ниво купувале сообраќајни знаци, обележувале улици, фискални апарати, камери за видео надзори и финансиска ревизија.

Бидејќи Македонија е мала земја, имаме еден единствен Закон за јавни набавки, мал е пазарот и волкави разлики не треба да се толерираат во иднина. Исто така ова укажува дека има потреба од подетални истражување на пазарот од страна на државните институции.
Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации.

Најголема разлика во цената е евидентирана при набавка на услугата за финансиска ревизија, а најмала во набавката на фискални апарати. За финансиската ревизија една институција платила за 27 пати поскапо од друга.

Претседателот на Центарот за граѓански комуникации Герман Филков, вели дека разликите во цените на истите производи кои што ги плаќаат институциите укажува дека има потреба од подобрување на рационалноста при трошењето на јавните пари.

„Бидејќи Македонија е мала земја, имаме еден единствен Закон за јавни набавки, мал е пазарот и волкави разлики не треба да се толерираат во иднина. Исто така ова укажува дека има потреба од подетални истражување на пазарот од страна на државните институции, пред да ги спроведат тендерите, и усогласување на пристапот на институциите при набавка на еден вид производи и услуги, за да не се јавуваат вакви огромни разлики.“

Прибирањето на податоците за индексот на рационалност е навистина, би можел да кажам кошмар, затоа што од институциите кои што ги објавуваат само вкупните цени за одредени набавки, а ние бараме единечни цени за производите за кои што одлучуваме да го работиме индексот.
Герман Филков.

Филков вели дека една од причините за тие големи разлики е задолжителноста на електронска аукција и најниската цена во комбинација како единствен критериум во избор на победникот, затоа што понудувачите во првиот дел од постапката даваат висока цена со очекување дека во аукцијата, цената со наддавање ќе оди надолу. Но честопати се случува на тендерите да има по еден понудувач со што не се одржува аукцијата и останува првопредложената висока цена.

„Интересно е што не може да кажеме дека разликите произлегуваат од количините, не во сите случаи разликите се ако некој купи поголема количина дека ќе плати пониска цена и обратно, понатаму исто така разликите, ја следат економската логика дека треба ако е поотворена и потранспарентна постапката да се добие пониска цена и тоа не е случај.“

Во изработката на индексот на рационалност иницијално биле вклучени 70 институции на национално и локално ниво, но поради разни причини индексот е изработен врз основа на податоци од 37 институции. Филков забележува дека кога станува збор за потрошени пари институциите често наоѓаат креативни начини да го одбегнат одговорот.

„Прибирањето на податоците за индексот на рационалност е навистина, би можел да кажам кошмар, затоа што од институциите кои што ги објавуваат само вкупните цени за одредени набавки, а ние бараме единечни цени за производите за кои што одлучуваме да го работиме индексот“, вели Филков.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG