Достапни линкови

Чивијата ми влезе со Квискотека


Поткаст Зошто - Зоран Јорданов
Поткаст Зошто - Зоран Јорданов

Нема измами, квалитетот не може да се скрие и тој мора да излезе на површина, вели во „Зошто“ Зоран Јорданов, еден од најпознатите квизаџии, творци и учесници на квизови во земјата, регионот и на светско ниво

Тој е победник на последната поединечна сезона од ТВ квизот „Енигма“ на националните телевизии Сител и Телма

Победник е на ТВ квизот „Одиме во Европа“ на Канал 5

Победник на ТВ квизот „Најслаба Алка“

Финалист е на ТВ квизовите Арена, Круг на знаење и други.

Во ова издание на Зошто разговараме со Зоран Јорданов еден од најпознатите квизаџии во земјата.

Квизаџиството е џентлменски спорт
please wait

No media source currently available

0:00 0:17:38 0:00
Директен линк

Има ли во земјата квалитетни квизови каде се тестира вистинското знаење како некогаш?

„Кога ќе речете како некогаш веројатно мислите на познатата Квискотека во бивша Југославија. Денеска кај нас се развива квизаџиството. Има се повеќе млади и паметни квизаџии и тоа е во подем.“

Зоран Јорданов од 2004 па до денес е уредник на повеќе ТВ квизови како Добра Шанса, Бројки и Букви, Без поени, и др. Со него разгораме за мотививите и за задоволството од ваков голем ангажман?

Тој е машински инженер, работи во ТВ Сител како продуцент,
Учествувал двапати на Светско квиз првенство преку Српската асоцијација во Белград затоа што тогаш немало македонската квиз асоцијација?

Денес Зоран Јорданов е активен член на Македонската квиз асоцијација, која организира десетина квиз натпревари во градови во Македонија, Мастерс турнири и тематски квизови.

Поткаст Зошто - Зоран Ќука и Зоран Јорданов
Поткаст Зошто - Зоран Ќука и Зоран Јорданов

Со Зоран Јорданов разговаравме и за неговата приказна со патување во Загреб и неоствареното учество на легендарната Квискотека во моментите кога се распаѓаше Југославија?

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.


  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG