Достапни линкови

Демонстрантите го повикаа ВМРО-ДПМНЕ да им се придружи


Ора и песни и апел до ВМРО-ДПМНЕ на протестите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Втор ден протести на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија. Овој пат освен заштита на унитарноста на Македонија тие го повикаа и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да им се придружи во протестите. По завршувањето на протестите биле повредени и двајца новинари.

Поддржувачите на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија на денешниот протестен марш ги повикаа сите политички партии да земат учество во нивната акција, а посебен апел упатија и до ВМРО ДПМНЕ. Во име на демонстрантите актерот Ванчо Петрушевски пред седиштето на партијата го повика раководството на ВМРО ДПМНЕ со нив да излезе на улица.Тој побара од граѓаните да бидат сплотени, под како што рече знамето на Македонија и дека ова, според него се последните мигови за одбрана на земјата.

„Веќе не се работи за политичка партија, за политички кариери, за функции. Ова е многу поважна работа. Се работи за нашата Македонија, затоа ќе ги повикувам сите политички субејкти да ни се приклучат во нашата акција. Го повикуваме раководството на ВМРО ДПМНЕ да излезе и да не поддржи-масовно во одбрана на унитарна и заедничка Македонија“, рече Петрушевски.

Протесниот марш исто како и вчера започна пред Владата, а заврши пред Собранието. Новина беше автомобилот од марката југо од кој се пуштаа патриотски песни и кој ги насочуваше демонстрантите. Со шалови во црвено-жолта боја пред Собранието демонстрантите играа оро и ги пееја песните, а предводниците на иницијативата најавија протести и утре.

По завршувањето на протестот со тупаници и со клоци од зад грб биле нападнати новинарите на А1он, изјави за Радио Слободна Европа уредникот на веб порталот Предраг Петровиќ. Според него, новинарите Влатко Желчевски и Александар Тодевски во моментов се наоѓаат во ургентниот центар и како што посочува немало причина за нивниот напад. Во нападот била скршена и камерата во сопственост на порталот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG