Достапни линкови

Зад заговорот во Црна Гора, стои Русија?


Улогата на Русија во обидот за државен удар во Црна Гора
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Улогата на Русија во обидот за државен удар во Црна Гора

Има се повеќе докази за вмешаност на Русија во обидот за државен удар во Црна Гора, во октомври минатата година, тврди државниот обвинител Миливоје Катниќ.

Црно-горскиот специјален обвинтел, Миливоје Катниќ директно ја посочи Русија за вмешаност во обидот за државен удар во Црна Гора, пред изборите во минатиот октомври, што, според него, имало цел да ја донесе опозицијата на власт и да се спречи влезот на земјата во НАТО.

„Сега имаме докази дека се вмешани руски националистички кругови, но исто така и некои руски државни органи на одредени нивоа“.

Изјави Катниќ за независната телевизија Прва ТВ.

Кремљ вчера ги отфрли тврдењата на Катниќ, оценувајќи ги како абсурдни и демантира какво било мешање во внатрешните работи на Црна Гора.

Имено, на 16-ти октомври, денот кога во Црна Гора се одржуваа парламентарни избори, властите уапсија 20 лица од Србија, кои беа осомничени за планирање напади врз државните институции.

Катниќ изјави дека руските државјани Едуард Шишмаков, кој користел лажно име, и Владимир Попов, ја координирале акцијата од Србија и оти потоа им било дозволено да се вратат во Русија, иако биле притворени во Белград.

Во октомври, на три дена пред изборите, Мило Ѓукановиќ, кој тогаш беше премиер, ја обвини Русија за уфрлање пари во изборната кампања во Црна Гора, во обид да го спречат зачленувањето на земјата во НАТО. Во интервју за Ројтерс, Ѓукановиќ изјави дека опозициони партии се финансираат од Москва.

„Русија ангажира сериозен финансиски потенцијал, кој, претпоставувам е инструментализиран од нивните олигарси и кој е стигнат во Црна Гора преку тајни канали, преку Србија и преку република Српска. Значи, имам причини да вреувам дека станува збор за пари со сомнително потекло. Но, дека не станува збор само за акција на олигарси, туку дека станува збор за организирана акција, говорат и политичките пораки кои доаѓаат од Москва“.

Опозицијата во Црна Гора, пак, го обвини Ѓукановиќ дека го фабрикувал државниот удар со цел да остане на власт.

Инаку, деновиве и британски Телеграф пишување за заговорот во Црна Гора, повикувајки се на извор во британската влада, кој ја потврдил улогата на Русија во обидот да биде соборен Ѓукановиќ и да се спречи влезот на Црна Гора во НАТО.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG