Достапни линкови

САД протеруваат 35 руски агенти


Архивска фотографија, Барак Обама и Владимир Путин, Њујорк, САД. 28 септември 2016
Архивска фотографија, Барак Обама и Владимир Путин, Њујорк, САД. 28 септември 2016

Протерување на 35 разузнавачки руски оперативци од САД, економски санкции и затворање на две дипломатски руски претставништва во Мериленд и Њујорк, е одговорот на Белата куќа на наводите за руските хакерски напади за време на претседателската изборна кампања.

Американската Влада протерува триесетина руски дипломати. Во соопштението од Белата куќа е наведено дека ќе бидат преземени и нови економски сакнции и други казнени мерки како одговор на наводите за руските хакерски обиди за време на претседателските избори. Во соопштението на Белата Куќа е наведено дека ќе бидат затворени две руски дипломатски претставништва во Мериленд и Њујорк, затоа што се верува дека биле користени за разузнавачки цели, а 35 Руси кои се идентификувани како разузнавачки оперативци ќе бидат протерани од земјата.

Покрај овие мерки, девет високи официјални лица поврзано со руската воена разузнавачка агенција и со главната руска агенција за безбедност се погодени со дополнителни финансиски санкции и забрани за патување во САД.

„ Овие активности не се конечен збир од нашите мерки кои се преземени како одговор на агресивните руски активности. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки и различни активности кога ќе сметаме дека треба и дел од нив нема да бидат објавени, “ е наведено во писмената изјава на Обама.

Ваквите потези беа најавувани веќе извесно време од Белата куќа, а американскиот претседател Барак Обама за нив зборуваше во интервју дадено пред еден месец. Но овие потези доаѓаат и на само еден месец пред Обама да ја напушти функцијата и пред инагурацијата на новиот претседател Доналд Трамп.

Трамп во неколку наврати ги отфрли разузнавачките извештаи и проценките на Белата куќа за наводните руски обиди за хакирање, со што се покренува прашањето дали новите санкции ќе останат во сила и по 20 јануари кога треба да ја преземе функцијата.

ЦИА, ФБИ и пошироката мрежа на разузнавачки агенции на САД заклучија дека компјутерските хакери кои влегоа во компјутерските сервери и маилови во сопственост на американската Демократска партија, најверојатно соработуваат со највисоките нивоа на руската влада.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG