Власите на Куба денеска прогласија деветдневна жалост поради смртта на револуционерниот лидер Фидел кастро и соопштија дека неговите остенки ќе бидат погребани на 4 ти декември во историскиот југоисточен град Сантиаго де Куба. Во соопштението се наведува дека од денеска до 4 ти декември, јавните активности ќе бидат откажани, а националните знамиња ќе бидат спуштени на половина копје на јавните згради и воените објекти.Посмртните остенки на Кастро ќе бидат погребани по деветдневна процесија низ земјата.
Фидел Кастро, кубанскиот револуционер кој го предводеше комунистичкиот остров речиси половина век, почина на возраст од 90 години. Веста ја соопшти неговиот брат, претседателот Раул Кастро, кој се обрати нанационалната телевизија.
„Главниот командант на кубанската револуција почина во 22 часот и 29 минути“, изјави претседателот, облечен во зелена воена униформа.
Подетални информации за причината на смртта тој не соопшти. Поранешниот револуционерниот лидер ќе биде кремиран денеска, во согласност со неговите желби, рече Раул Кастро. Наредните денови се прогласени за ден на жалост во Куба.
Инаку, Фидел Кастро, кој страдаше од неодредена сериозна цревна болест, привремено се повлече во јули 2006 година, пред формално да ја предаде власта на својот брат во 2008 година. Тој владеше во еднопартискиот систем на Куба 47 години.
Во последните неколку години, Кастро пишуваше колумни за состојбата на медиумите, но ретко се појавуваше во јавноста. Последен пат имаше јавен настап на конгресот на Комунистичката партија во земјата во април оваа година.
„Идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ дека на оваа планета, ако се работи со страст и достоинство, може да се произведат материјални и културни добра што му се потребни на човештвото“, изјави Кастро.
Смртта на Кастро најверојатно нема да предизвика криза во Куба, со оглед на тоа дека Раул цврсто ја одржува власта во последната деценија. Раул Кастро вети дека ќе се повлече од функцијата кога ќе заврши неговиот мандат во 2018 година. Тој го именуваше потпретседателот Мигел Дијаз-Канел за негов наследник.
Прв лидер од светот кој изјави сочувство на народот на Куба е индискиот премиер Неренда Моди. Тој во своите пораки напиша дека Кастро е една од најголемите икони на 20 от век и оти Индија жали поради неговата смртт.
На Флорида и Мајами бројната кубанска заедница во егизил организираше прослава во ресторанот Версаилес каде што традиционално се собираат пртивниците на Кастро. Илјадници луѓе излегоа на улиците во Мајами извикувајќи "Куба да ! Кастро не!"
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, во неговата изјава наведе дека Кастро е "брутален диктатор" и дека се надева оти неговата смрт ќе доведе до "слобода" на кубанскиот народ.
Во меѓувреме, претседателот на САД Барак Обама во соопштението изрази сочувство до семејството на Кастро и наведе дека историјата ќе пресуди за влијанито на Кастро на Куба, како и во целиот свет.
Обама ја посети Куба оваа година, што претставува прва посета на претседател на САД во последните 88 години.
Кастро беше почитуван од многу левичари во целиот свет, кои го гледаа како визионер кој се спротивстави на доминацијата на САД во Латинска Америка, и донесе здравството и образование на сиромашните, социјалистички движења низ целиот свет. Рускиот претседател Владимир Путин го нарече Кастро "симбол на една ера." "Името на овој истакнат државник со право се смета за симбол на една ера во современата светска историја", напиша Путин во телеграма испратена до Раул Кастро, "Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија", се вели во телеграмата. Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов го поздрави Кастро пради "зајакнување" на Куба. "Фидел застана и ја зајакна својата земја во време на најтешките американски блокада, кога имаше огромен притисок врз него, а тој од оваа блокада ја поведе Куба на патот на самостоен развој", изјави Горбачов за новинската агенција Интерфакс Социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро изјави дека "револуционерите на светот мора да го следат неговото наследство." Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Кастро е приказ на "надежи и разочарувања" на кубанската револуција, истакнувајќи загриженост во врска со кршењето на човековите права за време на режимот на Кастро.