Достапни линкови

Како да се преживее септември?


Септември - најдолг месец во годината
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Септември - најдолг месец во годината

Зголемените трошоци во септември, за повеќето македонски граѓани стануваат неиздржливи, па единствено им преостанува да им се восхитуваат на есенските пејсажи.

Македонските граѓани се на почетокот од септември, еден од месеците кога се бара повеќе од скромните финансиски можности. Традиционалано, обврските на поголемиот дел од луѓето се насочени кон отпочнувањето на училишната година, но и подготовка за зимата. Ги прашуваме како тоа ќе го поднесат овојпат.

„За нас Македонците од секогаш има долги месеци, ова е навистина долг месец, кој за училиште, кој за зимница, секој во својот џеб ѕирка и така опстојува. Огрев, потопла облека, храна за зима, зимница, тие се основните работи.“

„Струи, парно, уште се тие проблеми тука, греење, деца во школо, облека, ташни, прибори, гледам тука три илјади и триста денари чини еден ранец за деца, а на промоција е, каква е таа промоција?“

„Септември е најтежок месец секогаш. Завршуваат одморите, почнува школска година. Малку постегнато ќе се скратиме од некои секојдневни работи и може да се стигне ако не се опуштаме премногу.“

„Сè си треба, огрев дрва за нас е скапо. Меѓутоа за поединци не е скапо, поединците може да ги изброиме на прсти, но за мнозинството е скапо“, велат анкетираните граѓани.

Пазарџиите се прашуваат каде се потрошувачите кои ги чека подготовка за зимата. Тие велат дека во септември невообичаено слаба е посетеноста на пазарите во Скопје, но граѓаните имаат свои објаснувања.

„Правам сè помалку зимница затоа што се има да се купи. И кога ќе пресметам колку ме чини, речиси исто ме чини како да го правам дома. А ,дома да правам зимница на шпорет со струја исто ќе чини. Секое време си носи свое“, вели една граѓанка.

Периодот при завршувањето на топлото лето засега не е исполнет со најави за поскапувања. Но, ни лишувањето од годишен одмор не ја прави ситуацијата поедноставна за дел од граѓаните. За нив прашањата како да се подмират престојните трошоци ја прават ситуацијата непремостива.

„Нешто двоиме ама нема од каде да двоиме. Од една плата не се двои. И со кои плати да одвоиме, осум илјади кај да ги одвоиш прво, дали за јадење, дали за сметки и плус должни остануваме на државата.“

„Кој е партиски определен има, кој не е нема. И плус оваа катастрофа што се случи, и тоа што заслужуваат да им го даваат сè уште не им го дале на луѓето што се зафатени со поплавите. Веќе оваа појава е присутна години наназад, секоја власт си гледа за себе, не за луѓето“, велат граѓаните.

Незаобиколна тема остануваат и поплавите што го зафатија Скопје и кај граѓаните голема е загриженоста како тие луѓе ќе го поднесат претстојниот период. Но, ако на момент се тргнат настрана проблемите и трошоците, има и убави доживувања во септември во есенскиот пејзаж, вели еден граѓанин.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG