Одржување на предверемени парламентарни избори на 11 декември е исходот од лидерската средба на лидерите на четирите најголеми партии во земјава потписнички на Договорот од Пржино. Претходно на средбата лидерите констатираа дека се исполнети сите услови за одржување на изборите. Парламентот ќе се распушти согласно Уставот, а техничката влада треба да биде изгласана на 2 септември, во петок, 100 дена пред избори. Договорено е и новинарката Санта Аргирова да биде уредник на МРТВ, а на функцијата ќе стапи сто дена пред избори односно в петок. Партиите постигнаа договор и за методологијата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а Љуљзим Хазири ќе биде петтиот член на привременото тело за следење на медиумите.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата изјави дека од денеска режимот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заминува во историјата и Македонија чекори кон нова иднина.
„Се изборивме граѓаните на Македонија на 11 декември да може слободно да гласаат. Времето на изборно насилство и фалсификување на слободната волја на граѓаните заврши. Со тоа заврши и времето на режимот на Никола Груевски“, рече Заев.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека на изборите граѓаните ќе одлучат и оти веќе СДСМ не можеле да избегаат од нивното одржување, бидејќи сите услови им биле прифатени
„Направивме многу чекори со цел да ги доведеме во ситуација да не можат повеќе да ги одложуваат изборите, да нема каде да бегаат, да мора да се соочат со народот и да му овозможат на народот да излезе на гласање и да си го каже својот збор“, рече Груевски.
Американскиот амбасадор Џес Бејли, кој беше посредник во постигнувањето на пржинскиот договор порача дека САД и ЕУ се горди што им помогнале на лидерите во процесот и оти веруваат дека ова е важен чекор во решавање на политичката криза во земјата и ќе направат сè што можат да се осигураат дека изборите се кредибилни за граѓаните слободно да гласаат.
Претседателот на ДУИ Али ахмети само го повтори веќе договореното на средбата. Додека пак лидерот на ДПА Мендух Тачи истакна дека она што е поважно е партиите кои ќе бидат дел од владата од задутре да го даваат својот придонес и на терен.
„Ние ќе продолжиме да се однесуваме конструктивно, главната недеж и гаранција за ДПА останува меѓународниот фактор, САД и ЕУ и другите институции кои ќе ги набњудуваат извборите во Амкедонија“, рече Тачи.
Претстваникот на ЕУ истакна дека одлуката на лидерите покажува политичка волја за придвижување на земјата напред и сега е на сите политички партии да се осигураат дека гражаните ќе имаат слободен избор на кредибилни избори.