Достапни линкови

Разочараност од излегување на Британија од ЕУ


Оставка на Камерон, најава за нов референдум за независност на Шкотска, разочараност во институциите на ЕУ, се првите реакции по исходот на референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека до октомври годинава ќе си поднесе оставка на функцијата. Камерон истакна дека процесот на преговори на Британија за излегување од Европската унија треба да ги води нов премиер. Ваквата негова изјава доаѓа откако и официјално резултатите од референдумот покажаа оти мнозинството Британци гласаа за излегување од Европската унија.

Британскиот премиер Камерон најави оставка
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00

Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека гласањето на Британците да ја напуштат Европската унија прави „многу веројатно“ дека Шкотска ќе спроведе свој референдум за тоа дали да прогласи независност од Велика Британија. Говорејќи откако беа објавени резултатите за т.н „Брегзит“, Старџен рече дека второто гласање за независност било ставено на маса и оти ќе биде подготвено кога ќе го одобри шкотскиот Парламент. Референдумот за независност на Шкотска во 2014 беше неуспешен.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека не го крие фактот оти сакале поинаков исход од вчерашниот референдум. Свесен сум колку овој момент е политички сериозен, па дури и драматичен. Не постои начин да се предвидат сите политички последици од овој настан, особено за Велика Британија, истакнува Туск. Но, додава тој, сигурно сега не е момент за хистерични ракции. Сакам да ги уверам сите дека ние сме подготвени и за ова негативно сценарио. Во името на сите 27 лидери, можам да кажам дека сме решени да го зачуваме нашето единство. За сите нас, Унијата е рамка за нашата заедничка иднина. Би сакал да ве уверам дека нема да има правен вакуум, вели првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск.

Туск: Ќе го зачуваме единството
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00

Претседателот на Европската комисија Жан - Клод Јункер инсистира дека одлуката на Британија да ја напушти Европската унија не е почеток на крајот на блокот. На новинарско прашање на прес-конференција во Брисел, Јункер едноставно одговори „не“ и предизвика аплауз од официјалните претставници на ЕУ во салата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека позицијата на Британија во алијансата „ќе остане непроменета“ и покрај тоа што Британците гласаа да ја напуштат Европската унија. Столтенберг рече дека Британија „ќе остане силен и посветен сојузник на НАТО“ откако земјата го дефинираше следното поглавје во односите со ЕУ. Тој посочи оти НАТО останува посветен на поблиска соработка со ЕУ и дека „силна и обединета, алијансата останува значаен столб за стабилноста во турбулентниот свет.“

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека длабоко жали за гласањето во Британија, велејќи оти тоа е пречка за процесот на европската интеграција.

„Германија има посебен интерес и посебна одговорност во европското единство“, рече Меркел.

„Брегзит“ е пречка за европската интеграција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:23 0:00

Француската влада попладне ќе одржи вонреден состанок, на кој ќе се дискутира за ефектите од гласањето на британскиот референдум за излез од ЕУ. Претходно, министерот за надворешни работи Жан Марк Еро изјави дека е тажен поради Велика Британија. Европа ќе продолжи, но таа мора да реагира и да ја обнови довербата кај своите народи. Тоа е итно, истакна Еро.

Русија сака Европската унија да остане голема економска сила, соопшти Кремљ, коментирајќи го гласањето на Британија за напуштање на Унијата. Москва сака ЕУ да остане голема економска сила која е просперитетна, стабилна и предвидлива, рече портпаролот Дмитри Песков. Ние имаме прилично тежок товар на проблематичните врски со Велика Британија. Се надеваме дека во новата реалност ќе превагне разбирањето на потребата за добри односи со нашата земја, изјави Песков.

Најверојатниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД Доналд Трамп, кој се наоѓа во Шкотска на отворање на голф терени, изјави дека Британците повторно ја зеле контролата врз својата земја, со гласањето за напуштање на ЕУ. Пред гласањето Трамп изјави дека е наклонет кон напуштање на Унијата и имаше „размена на навреди“ со британскиот премиер Дејвид Камерон.

XS
SM
MD
LG