Загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза, обезбедување на што е можно поскоро темелна и независна истрага за материјалите кои откриваат какви било кривични престапи и позитивно нотирање на последните напори на партиските лидери да бараат и постигнат решенија.
Сметам дека тие соодветствуваат со перцепцијата којашто беше создадена со оваа политичка криза мотивирана од би рекол однесувањето на СДСМ со аферата прислушување.Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.
Накратко ова се дел од нацрт заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ кои треба да бидат прифатени денеска во Луксембург.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски смета дека е важно што во заклучоците е забележан договорот од 2 јуни и, како што вели, одговорноста на политичките лидери ќе била мерена според преземените обврски кои треба да ги исполнат.
Вчерашните предлог заклучоци како и претходно извештајот на Прибе речиси во целост ја отсликуваат состојбата во Македонија, дури и според наше мислење во нијанси е благ за реалната состојба, меѓутоа претставуваат доволно јасна порака и слика која што Европската комисија и парламентарното собрание на Европа ја испраќаат до Македонија, пред сè до актуелната влада.Петре Шилегов, СДСМ.
„Сметам дека тие соодветствуваат со перцепцијата којашто беше создадена со оваа политичка криза мотивирана од би рекол однесувањето на СДСМ со аферата прислушување“, вели Милошоски, кој во врска со делот во кој се забележува дека „е потребно да се обезбеди што е можно поскоро темелна и независна истрага за материјалите кои откриваат какви било кривични престапи“ посочува на правосудните органи.
„Тоа е прашање на обвинителството, на судството и тука сметам дека треба да им се дадат одврзани раце и потполн интегритет за да можат да си постапат по какви било наводи или случаи кои што постојат или не постојат“, вели Милошоски.
Од СДСМ, пак, не веруваат дека е можна скора темелна и независна истрага како што се препорачува, поради персонални решенија за носителите на јавни функции пред сè во обвинителство. Но генерално, портпаролот Петре Шилегов вели дека за нив заклучоците се реални.
„Вчерашните предлог заклучоци како и претходно извештајот на Прибе речиси во целост ја отсликуваат состојбата во Македонија, дури и според наше мислење во нијанси е благ за реалната состојба, меѓутоа претставуваат доволно јасна порака и слика која што Европската комисија и парламентарното собрание на Европа ја испраќаат до Македонија, пред сè до актуелната влада“, вели Шилегов.
За владиниот коалициски партнер, ДУИ, пак, давањето на забелешки и препораки од ЕУ е патот низ кој што поминале сите земји кандидатки за членство во унијата, а во тој контекст очекувале забелешки и во идните извештаи.
„Ние треба што поскоро да ги реализираме сегашните препораки и оние што ќе доаѓаат во иднина ако сакаме да станеме членка на ЕУ“, коментираат кусо од ДУИ.
Во заклучоците, советот повика на примена на сите препораки на Комисијата, почнувајќи со приоритетите за итна реформа, во однос на владеењето на правото што произлегува од актуелната криза, вклучително прекршувањето на фундаменталните права, судството, слободата на медиумите, изборите, корупцијата, политизацијата на државните институции и мешањето држава-партија и замаглувањето на надзорот. Примената на овие препораки, како што се нагласува, ќе бидат внимателно следени од страна на Комисијата која бара и изборни реформи во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.