Достапни линкови

Вишновата хроника на Пармаковска – Роман што вози одлично


„Вишнова хроника“ е насловен вториот роман на Фросина Пармаковска, што како 100 книга од едицијата ПРОаЗА, во јубилејната прва декада на книгоиздателството ИЛИ-ИЛИ, се појави деновиве. Станува збор за дело за кое рецензентката Лидија Димковска ќе забележи дека „е бело-црна хроника на растењето, на пријателството, на љубовта, на случајноста што се претвора во судбина и на судбината што станува случај, а како таков и животна, но и книжевна приказна“.

Вишнова хроника од Фросина Пармаковска е бело-црна хроника на растењето, на пријателството, на љубовта, на случајноста што се претвора во судбина и на судбината што станува случај, а како таков и животна, но и книжевна приказна. Приказната е раскажана од детско-младешка машка перспектива, ликовите се впечатливи, а времето со сите свои тажни невремиња и проблесоци на среќа е македонско, но и универзално сведоштво на една посеопфатна материјална и духовна криза во која западнал не само човекот, туку и човештвото. Потрагата по себе неретко е загуба и на себе и на другиот.

Создадениот свет одлично функционира, без тоа нема роман. Романот вози одлично. Браво за крајот! Зашто онаа на Аристотел е како зен точна, треба да има: почеток, средина и крај. Овде ги има сите три.
Ѓоко Здравески, рецензент.

Ова ќе го запише рецензентката и писателка Лидија Димковска за „Вишнова хроника“ од Фросина Пармаковска, романот, што како 100-та книга од едицијата ПРОаЗА, во јубилејната прва декада на книгоиздателството ИЛИ-ИЛИ, се појави деновиве, а чија промоција се обистини на 29 декември во скопскиот клуб „Менада“.

Писателката Фросина Пармаковска.
Писателката Фросина Пармаковска.

Ѓоко Здравески, во својство на втор рецензент, пак, не го крие своето воодушевување од средбата со делото и неговиот потписник. Тој во својот текст пишува:

Барав поискрен пристап, појасен, потечен, полинеарен. Делото бара почеток, средина и крај. Бара особено крај. Бара завршница каде ќе се стави една точка. Каде што ќе заврши приказната. Каде што ќе нема никакви недоумици.
Фросина Пармаковска, писателка.

„Одличен раскажувач, и како раскажувач и како лик. Одлично воведно полнење на ликот со опишувањето на детството, посеаните семиња никнуваат низ романот. Браво за Ана и за Јасмин, каков пресврт! Браво за хуморот, браво за расфрланите референции од стварноста во која живееме. Создадениот свет одлично функционира, без тоа нема роман. Романот вози одлично. Браво за крајот! Зашто онаа на Аристотел е како зен точна, треба да има: почеток, средина и крај. Овде ги има сите три“, пишува Здравески.

Авторката, пак, од своја страна, појаснува дека, за разлика од своето првенче насловено „Пишувајќи ги изгубените топки“ од 2013 година („Култура“ - Скопје) за кое смета дека е експериментално во однос на наративната техника, „Вишновата хроника“ е токму роман од самиот почеток до крајот. Вели дека за тоа имала и идеја и потреба. Тие две нешта се споиле и така настанала книгата.

„Барав поискрен пристап, појасен, потечен, полинеарен. Делото бара почеток, средина и крај. Бара особено крај. Бара завршница каде ќе се стави една точка. Каде што ќе заврши приказната. Каде што ќе нема никакви недоумици“, вели авторката.

Родена 1985 година во Скопје, Фросина Пармаковска дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“. Досега има објавувано раскази во книжевни списанија, а „Вишнова хроника“ е нејзин втор роман.

„Не можам да говорам подолгорочно дали и натаму ќе ѝ останам верна на оваа книжевна форма, но извесно е тоа дека сега за сега, овој период, себе си се наоѓам во романот. Јас почнав со раскази во подолга форма. Потоа излезе „Пишувајќи ги изгубените топки“ кој по дефиниција би бил краток роман, новела и сега ете го „Вишновата хроника“ - роман во вистинска форма на зборот. Да, останувам сега засега тука. Ќе биде тоа и подобро, ќе се усовршувам“, вели Пармаковска.

Таа дополнува дека овој роман ѝ се случил некако многу брзо и дека едноставно немала време да ѝ легне делото за да условно би развивала нови творечки идеи.

„Обично авторите сакаат и пред да се објави делото тоа да „легне“, та дури и по можност нешто да сменат. Овој роман ја немаше таа можност. Кога го напишав многу брзо излезе. Сега буквално сум во тој луфт-простор во кој уште живеам со напишаното, со дејствието, ликовите и едноставно воопшто немам никакви идеи каде би се фокусирала понатаму“, вели Пармаковска.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG