Достапни линкови

Општините не се подготвени за интегрирани Б еколошки дозволи


Тетово.
Тетово.

Фирмите кои сакаат да обезбедат Б еколошки дозволи мораат да чекаат и по неколку години. Причина e неподготвеноста на општините кои ги издаваат.

Иако од 2006 година постои можност помалите фирми кои имаат производствените капацитети да стекнат Б еколошка интегрирана дозвола и со тоа да придонесат за намалување на загадувањето, мал е бројот на оние кои ги создале соодветните стандарди за работа. Причина е тоа што општините се уште не се кадровски подготвени за издавање на Б дозволите или описно кажано одобрување план за оперативно зачувување на животната средина.

Во 2008 година аплициравме за добивање на средства од ИПАРД програмата. Тогаш ни требаше таа дозвола за да ги добиеме средствата од ЕУ. Бевме до Министерство за екологија и прашавме што треба да направиме. Направена е пречистителна станица и тогаш добивме Б дозвола во 2011 година.
Сервет Ќазими, сопственик на млекарница во тетовско Џепчиште.

„Во 2008 година аплициравме за добивање на средства од ИПАРД програмата. Тогаш ни требаше таа дозвола за да ги добиеме средствата од ЕУ. Бевме до Министерство за екологија и прашавме што треба да направиме. Направена е пречистителна станица и тогаш добивме Б дозвола во 2011 година“, вели Сервет Ќазими, сопственик на млекарница во тетовско Џепчиште.

Тетово.
Тетово.

Во општина Тетово, никој не сака да даде тонска изјава, но во разговор потврдуваат дека кадровски и сега не се подготвени за издавање на Б дозволи. Стручната екипа, според нив допрвин ќе се формира и ќе почне со работа.

Од друга страна, стопанственикот Ќазими вели дека иако работи според Б дозволата, животната средина се чува додека оди процесот во фабриката, но надвор веќе не е така поради инфраструктурните недостатоци во населените места.

„Моментално во село Џепчиште, немаме канализација, значи пак водите ги фрламе во една бразда. Условите во фирмата се направени, а од друга страна значи државата треба малку инфраструктурата да ја среди значи канализација немаме. Во тој документ пишува - фирмата има пречистителна станица. Да. Водата кај ја испразнува? Нема канализација. Пак ќе имаме проблем. Тоа е поврзано. Треба пречистителна станица за целиот град, за целата населба, не можеме водата во Вардар директно да ја испуштиме.“

Интергрирани Б еколошки дозволи треба да имаат стотина фирми во тетовскиот регион кои се со поголем производствен капацитет, додека неколку илјади фирми со помало производство треба да имаат елаборат за заштита на животната средина.

XS
SM
MD
LG