Жителите на Тетово уште долго време ќе чекаат на трајното решение за проблемите поврзани со сметот. Тоа требаше да биде регионална депонија чиј концесионер би имал задача да го собира и рециклира сметот.
Со оглед дека надлежните го прекинаа процесот за избор на концесионер и најавуваат промена на планот за справување, граѓаните и понатаму ќе се соочуваат со овој комунален проблем.
Честа слика во Тетово се полни контејнери, складирање на смет во самиот град, палење на истиот. Сето тоа директно влијае врз здравјето, а состојбата трае неколку години и нема надеж за подобрување, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
„Само главните улици гледаат да бидат чисти ништо друго.“
„Пет-шест години има вака дека е. Треба да се дислоцира тоа. Ние овде што живееме многу ни е отежната состојба. Ни да пружиме алишта, ниту да отвориме. И во зима и во лето кога е најпроблематично, ние сме затворени.“
„Ова не било никогаш досега, откако сум се родила, сум пораснала и остарела што се вика, никогаш олку валкано не било.“
„Чадот смета највеќе, миризбата. Не можеш да дишеш, загаден е целиот град“, велат анкетираните граѓани.
Иако во февруари 2013-та година две фирми од Австрија и Германија влегоа во најтесниот круг за избор на концесионер, тоа не беше направено. Надлежните институции тогаш соопштија дека соодветната комисија има кадровски промени, а потоа изборот беше одложен поради локалните избори во март. Сепак, во следните месеци процесот не беше продолжен, а сега се најавува дека можно е да се менува стратегијата, изјави Ана Каранфилова Мазневска.
„Се истечени сите рокови и банкарски гаранции, повикот ќе се повтори, односно ќе се поништи овој повик. Сега се здружија сите општини што припаѓаат во полошкиот регион и согласно со законот ќе формираат меѓуопштински одбор за управување со отпад и регионален центар и тој одбор одлучува дали ќе се оди со концесионирање, дали јавно приватно партнерство. Таа одлука сè уште не е донесена“, вели Ана Каранфилова Мазневска, од секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина.
Прекинот на процедурата за трајно решение со отпадот се случува во период кога Тетово речиси шест месеци е прв на листата на градови со загаден воздух. Мерните инструменти токму на Министерството за животна средина покажуваат присуство на штетни материи во воздухот и до 20-тина пати повеќе од дозволеното, а складирањето и палењето на сметот за една од највлијателните причини.
Ова не било никогаш досега, откако сум се родила, сум пораснала и остарела што се вика, никогаш олку валкано не било.Анкетиран граѓанин.
Со оглед дека надлежните го прекинаа процесот за избор на концесионер и најавуваат промена на планот за справување, граѓаните и понатаму ќе се соочуваат со овој комунален проблем.
Честа слика во Тетово се полни контејнери, складирање на смет во самиот град, палење на истиот. Сето тоа директно влијае врз здравјето, а состојбата трае неколку години и нема надеж за подобрување, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Сега се здружија сите општини што припаѓаат во полошкиот регион и согласно со законот ќе формираат меѓуопштински одбор за управување со отпад.Ана Каранфилова Мазневска, Министерство за животна средина.