Производствените објекти во фирмите Житомел, Тутунски комбинат, дел од „Искра“, „Биброк“ и уште неколку други кои пред неколку години ги купи контроверзниот бизнисмен Бајруш Сејдиу од Куманово секојдневно пропаѓаат. Долгиот и бавен судски процес, маратонските стечајни постапки и ред други административни недоследности ги оставија безмалку сите поранешни вработени без средства за егзистенција, а парадоксот да биде уште поголем, тие се водат како вработени.
Малку подзаборавената состојба на објектите од кои сè што било вредно непознати сторители го изнеле, со што сосема ја згасна надежта на вработените дека некогаш ќе се ревитализираат. Нив уште повеќе ги вознемири последниот, инаку втор пожар годинава во објектите на „Житомел.“
„Сè уште сум вработен во „Житомел“, не сум одјавен. Се случи и ова бидејќи не се преземени никакви мерки да се заштити имотот на „Житомел“. Последната година секој ден се изнесуваа вредни предмети, а никој од надлежните институции не сакаше да преземе некоја мерка да го заштити имотот“, вели Бранко Крстевски, поранешен житомелец.
Тој додава дека до пред една година вработените се обраќале до сите институции - и до судот, и до полицијата, и до градоначалникот.
„Никој, ниту со мал прст не сакаше да мрдне. Сите велеа дека не се надлежни.“
И покрај тоа што не работат, вработените нема кој да ги одјави во Агенцијата за вработување, бидејќи сите раководители се или во затвор или во притвор. Неколкумина поранешни работници, вознемирени од глетката на нивната фирма која пред транзицијата и приватизацијата беше една од добростоечките во градот, не сакаа да зборуваат, додека еден од нив забележува:
„Пред седум-осум месеци влегов внатре и кога видов што сè се случувало таму не можев да се соземам и потоа на секое мое поминување од мака ја вртев главата на страна. Обезбедување имаше до пред една година, а потоа сите го напуштија објектот бидејќи немаше кој да ги плаќа.“
Градоначалникот Зоран Дамјановски од кого поранешните работници во овие фирми бараа помош, апелира до надлежните институции, стечајната постапка да се забрза, објектот да добие сопственик и да се започне со реконструкција и работа.
„Целиот имот е во Агенција за запленет имот и таа е должна за обезбедување и одржување на тековната состојба, а зошто е тоа така тие треба да одговорат. Затоа треба постапката да се забрза, да се најде инвеститор и овој прекрасен објект да се стави во функција, бидејќи повеќе од јасно е дека Куманово има потреба од мелничко-пекарска индустрија.“
По сите турбуленции, само во оваа фирма последната бројка на вработените била околу 200, додека од сите сега затворени фирми на Бајруш Сејдиу, таа е најверојатно повеќе од илјада. Неизвесно е кога овој сериозен проблем ќе се надмине, а некогашните производствени капацитети да се ревитализираат, да има вработувања, а не да се дувла во кои се собираат нарко зависници, како што велат соседите од околните згради.
Сè уште сум вработен во „Житомел“, не сум одјавен. Се случи и ова бидејќи не се преземени никакви мерки да се заштити имотот на „Житомел“. Последната година секој ден се изнесуваа вредни предмети, а никој од надлежните институции не сакаше да преземе некоја мерка да го заштити имотот.Бранко Крстевски, поранешен вработен во Житомел.
Малку подзаборавената состојба на објектите од кои сè што било вредно непознати сторители го изнеле, со што сосема ја згасна надежта на вработените дека некогаш ќе се ревитализираат. Нив уште повеќе ги вознемири последниот, инаку втор пожар годинава во објектите на „Житомел.“
„Сè уште сум вработен во „Житомел“, не сум одјавен. Се случи и ова бидејќи не се преземени никакви мерки да се заштити имотот на „Житомел“. Последната година секој ден се изнесуваа вредни предмети, а никој од надлежните институции не сакаше да преземе некоја мерка да го заштити имотот“, вели Бранко Крстевски, поранешен житомелец.
Тој додава дека до пред една година вработените се обраќале до сите институции - и до судот, и до полицијата, и до градоначалникот.
Целиот имот е во Агенција за запленет имот и таа е должна за обезбедување и одржување на тековната состојба, а зошто е тоа така тие треба да одговорат. Затоа треба постапката да се забрза, да се најде инвеститор и овој прекрасен објект да се стави во функција, бидејќи повеќе од јасно е дека Куманово има потреба од мелничко-пекарска индустрија.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.