Вообичаена и веќе видена, со непотребни меѓусебни обвинувања, агресивна според вокабуларот, недостигаат програми и идеи. Вака граѓаните го оценуваат она што од изборната кампања го гледаат воглавно преку медиумите. За меѓународните претставници употребуваната реторика е и премногу силна што би можело да се толкува како луксуз со оглед на очекувањата за беспрекорно спроведени избори.
„Стандардно, ни помалку, ни повеќе од она што било.“
„До сега добро е.“
„Она што не ми се допаѓа, многу се критикуваат, кажуваат и тоа што треба и тоа што не треба.“
„Некои имаат програма, некои немаат.“
Од канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје го делат впечатокот. Бевме сведоци на примери кога се употребуваше силна реторика и бројни меѓусебни обвинувања на кандидатите и за претседатеските и за локалните избори, велат оттаму. Во прилог на ваквата оценка за досегашниот тек на кампањата од канцеларијата на ЕУ во Скопје наведуваат и дека вакви забелешки стојат и во објавениот прелиминарен извештај на ОДИХР каде се наведени и неколку случаи на притисоци врз гласачите. Очигледно многу внимание се посветува на тоа да се обезбедат мирни избори. Штотуку го објавувме нашиот втор прелиминираен извештај за кампањата до сега и тој ги потенцира реалните напори на политичките партии до сега да обезбедат мирен изборен процес, вели портпаролот на ОДИХР Јенсхатен Ешенбахер:
„Имаше неколку состаноци помеѓу партиите, меѓу кандидатите, тие потпишаа кодекс на донесување, кампањата до сега беше пристојна и одмерена, сето тоа до сега креира еден амбиент кој е забележливо поразличен од минатогодишните избори , до сега не се забележани инциденти на насилство и ние се надеваме дека вака и ќе продолжи. Нашите набљудувачи исто така забележаа дека е распространето уверувањето дека добри избори се избори без насилство. Важно е да се разбере дека добри избори значи повеќе и дека постојат неколку аспекти коишто се важни за демократски изборен процес, тука се медиумите се разбира, потоа, работата на изборната администрација, начинот на кој се води кампањата и се разбира денот на гласањето.“
Вели Ешенбахер.
Со оглед на клучната важност на овие избори за иднината на земјата од канцеларијата на ЕУ и од набњудувачката мисија на ОБСЕ –ОДИХР апелираат до сите политички лидери остатокот од кампањата како и самиот изборен ден да го поминат во најдобар можен ред а на граѓаните да им се овозможи да го остварат своето демократско право да гласаат.