Нерегуларностите од првиот и вториот изборен круг посочено од страна на меѓународните набљудувачи во земјава се повторија и во третиот обид в недела. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ иако ги оцени како мирни, посочи дека и во третиот круг се повторени истите нерегулларности како што се полнење на кутии и групно гласање. Со тоа се согласуваат и во канцеларијата на преставникот на ЕУ во земјава Мајкл Салин:
„Го поздравуваме фактот што немаше значителни инциденти. Минатата недела ја забележавме добрата работа на полицијата, со која имавме многу добра соработка, како и со претставниците на Проксима. Освен неправилностите споменати во избвештајот на ОДИХР задоволни сме како поминаа изборите,“
изјави портпаролот Андреа Анџели, наспроти оптимистичките изјави на македонските власти и политички партии дека Македонија покажа дека кога сака знае и може да организира добри избори.
Инаку во целата конфунзија со изборниот процес во земјава кој треше цел месец се случи за градоначалник да биде избран и лице против кои веке постои правосудна одлука за одржување казана затвор од неколку години. Амди Бајрам новоизбраниот градоначалник на Шуто Оризари ке мора да деновиве да зе јави во Затвор за одржување на казната и согласно законот автоматски би требало да престане неговиот градоначалнички мандат
„Ако е осуден со правосудна пресуда за кривично дело во траење од над шест месеци, по сила на законот за локална самоуправа му престанува мандатот. Значи, мојот заклучок е дека се додека не сфатиме дека правото и моралот и етиката се како сијамски близнаци ние ќе доаѓаме во вакви траги комични ситуации. Е сега, кој е тој од ДИК што можел да му објасни на Бајрам со оглед на неговата личност, дека се впушта во изборна авантура.“
вели професорот Гордана Силјановска. Согласно законските одредби, граѓаните на Шутка за 70 дена ке треба излезат повторно на гласање, изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.